„Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, е роман напишан во вид на писма, односно како еден вид дневник. Писмата се упатени кон пријателот Вилхелм, но од него немаме одговори, па затоа наликува на дневник. Темата на романот е силната, младешка, неостварена љубов на Вертер кон Шарлота (Лота).