Алиса во земјата на чудата

0.00 Avg rating0 Votes
Publisher: Книжевност
Authors:
Pages: 108 pages
ISBN10: 85
Language: македонски
Type: Лектири

Алиса во земјата во чудата од Луис Керол е необична приказна за деца која предизвикала пресврт во англиската детска литература. Со фантастични ликови и надреални заплети таа се поигрува со искуството на стварноста на потполно нов начин. Приказната е за девојчето Алиса кое тргнало во потрага по Белиот зајак и на тој начин се нашло во подземниот свет преполн со неверојатни појави и случки. Менувајќи ја постојано големината, Алиса доживува редица чудни  средби и се соочува со еден ирационален и апсурден свет. На местото од логиката на искуството доаѓа логиката на јазикот, односно двосмисленостите и бесмисленостите кои апсурдните суштества ги изговараат. Алиса во земјата на чудата нуди задоволување на детската љубопитност, ја поттикнува детската фантазија и нивната креативност за да го менуваат светот и да го интерпретираат низ игра. Алиса во земјата на чудата е една од најчитаните книги, а нејзините јунаци им се познати на сите деца ширум светот.

Reviews

Required fields are marked *. Your email address will not be published.