| Publisher: | Книжевност |
| Authors: | Гогољ |
| Pages: | 33 pages |
| ISBN10: | 446 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Акакиј Акакиевич Башмачкин работи како ситен службеник во една канцеларија, совесно извршувајќи ја својата еднолична работа, без никакви амбиции. Поради неговиот повлечен и скромен карактер, неговите колеги постојано му се потсмеваат и прават шеги на негова сметка, а тој мирно го трпи сето тоа. Со доаѓањето на студените денови, Акакиј сфаќа дека треба да го замени својот стар, искинат шинел што повеќе не може да се поправа. Бидејќи нема доволно пари за нов шинел, Акакиј зпаочнува вредно да штеди, намалувајќи ги своите секојдневни трошоци. Еден ден, среќата му се насмевнува и тој добива поголем додаток на платата од очекуваниот, така што набргу успева да собере пари за новиот шинел.