| Publisher: | Поезија |
| Authors: | Гете Јохан |
| Pages: | 241 pages |
| ISBN10: | 15861 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Според Гете, стварноста ги обезбедува мотивите и градбата за поезијата, а задачата на поетот е од нив да создаде оживеана целина; оттука, ниеден реален предмет не е непоетичен, ако поетот знае вешто да го искористи. Напротив, секој специјален случај станува општ и поетски токму со тоа што него ќе го изрази поетот. Во таа смисла, задачата на поетот не е да ги изрази своите субјективни чувства, туку тој станува поет откако ќе го усвои и ќе успее да го изрази Светот Во продолжение, тој смета дека поетот треба да ги избегнува големите дела кои бараат голем напор и духовна сила за да се усоврши големата целина; притоа, ако поетот не успее да ја оствари таа целина, делото е уништено, а ако пак не успее целосно да ги разработи поединечните делови, тогаш ќе страда целината на делото. Наспроти тоа, предноста на малите поетски дела се состои во тоа што во нив поетот може да ги избере оние предмети со кои тој владее. Според него, стварноста ги обезбедува мотивите, суштината и јадрото на поетското творештво, а задачата на поетот е од тоа да создаде убава оживеана целина. Притоа, токму во мотивите, во ситуацијата, се состои вистинската суштина на поезијата