| Publisher: | Странска Литература |
| Authors: | Толстој Лав |
| Pages: | 532 pages |
| ISBN10: | 13941 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Романот е поделен на три целини, кои во себе содржат по неколку глави, различни по обем и должина. Во воведниот пасус, Толстој дава широк и естетски совршен опис на градот Н. во кој се случува судската постапка покрената против проститутката Екатерина Маслова. Таа во придружба на неколку полициски службеници е спроведена во блискиот основен суд, каде требало да ја одбрани својата чест и невиност. Во продолжение на приказната, авторот прави ретроспекција на минатото на Маслова. По игра на судбината, еден од поротниците се случува да биде кнезот Нехљудов, кој имал бурно минато со обвинетата. Одеднаш во него се буди неговата задушена совест, која му вели дека треба да и се оддолжи на Маслова со тоа што ќе ја избави од неправедната казна.
Предметот по кој е обвинета Маслова и труењето на трговецот Смељков, кој претходната вечер ја минал во најзино друштво. Освен што бил отруен, на Смељков, кој инаку бил богат трговец, му биле украдени парите и златниот прстен по неговата смрт. Освен Катерина, осомничени биле и нејзината претпоставена и соработникот Карнтинкин. Секој од нив тројца ќе раскаже сопствена верзија на настанот, но сите не звучеле еднакво убедливо. Поротата ја осознава очигледната невиност на Маслова, но поради мала немарност во нивиот писмен одговор доставен до судијата, Катјуша е прогласена за виновна и осудена на доживотна робија во Сибир. Сите обиди на Нехљудов да ја исправи сторената неправда биле залудни поради судско-правните лавиринти кои го спречувале во таа негова намера. Најмил и елитен адвокат во името на Фанарин, кој го искористил сето негово познавање на правните науки да ја извлече Маслова од казната која и била изречена. Но, ниту стручноста на адвокатот, ниту неговата упорност не биле доволни да издејствува амнестија за Катјуша од повисоките судски тела.
Првичната замисла на Нехљудов била тој да ја избави Катјуша од прогонство и потоа да се ожени со неа, како би и надоместил за уништениот живот. Знаел дека таа негова одлука ќе му ја наруши тешко стекнатата положба во аристокрактските окружувања, но бил подготвен да ја поднесе таа жртва. Ќе оствари неколку средби со Маслова во затворот и тогаш ќе се соочи со грозоморното дело кое го сторил пред многу години. На почетокот Катерина не верувала во искреноста и добронамерноста на Нехљудов, но подоцна и самата таа се уверила во неговото вистинско покајание, па така му ги простила сторените гревови. Останала само уште потешката работа, т.е. да се извлече Катерина од заплетканиот процес против нејзе, а со оглед на тешката корупција која владеела во судскиот систем, тоа воопшто не бил лесен потфат. По одбивањето на жалбите од неколку пониски апелациони судови, Нехљудов со својот авторитет се заложил лично кај царот да го разгледа случајот на Маслова. И кога се чинело дека се е загубено, во рацете на Маслова пристига документ со кој се поништува судската грешка и се добива помилување лично од рускиот монарх. Катјуша решава да му се придружи на Симонсен, исто така затвореник како нејзе, додека тој ја одлежува затворската казна во Сибир и притоа да му даде можност на Нехљудов за отпочнување нов живот. Нехљудов е свесен за добрината која му е сторена, па така решава да го продаде сиот стекнат имот и наследство и да се повлече настрана живеејќи мирен и спокоен живот. Катерина, пак, целосно и се посветува на добродетелта, помагајќи ги протераните и осудените со материјална и морална поддршка.