АСПЕКТИ НА ТВОРЕШТВОТО НА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

0.00 Avg rating0 Votes
Publisher: Книжевност
Authors:
Pages: 179 pages
ISBN10: 16140
Language: македонски
Type: Книги

„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ е новата книга на литературниот критичар и книжевен научник Веле Смилевски.

Станува збор за студија објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје. Делото е посветено на богатиот и разновиден опус на Петре М.
Андреевски, кој со своите содржини и естетски вредности бележи еден од врвовите во современата македонска литература.

„Писателот Петре М. Андреевски, од почетокот на шеесеттите години на минатиот век, кога ги објави своите први книги со поезија и раскази, сè до своето физичко заминување во 2006 година, испиша значајни страници и остави силен, препознатлив и неодминлив печат во развојните процеси на современата македонска литература“, вели Смилевски за неговата книга.

За своето творештво Петре М. Андреевски е добитник на високи книжевни признанија, меѓу кои и Државната награда „11 Октомври“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, Рациново признание и наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Негови дела се преведени на француски, романски, германски, српски, англиски, хрватски, шпански, јапонски и на други јазици.

Reviews

Required fields are marked *. Your email address will not be published.