| Publisher: | Книжевност |
| Authors: | Достоевски Ф. |
| Pages: | 350 pages |
| ISBN10: | 1276 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Злосторство и казна — роман на рускиот писател Фјодор Достоевски, првобитно објавен во 1866 година. Тој е реалистичен, психолошки роман со елементи на социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман (каде се вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот). Темата и идејата на романот се содржани во насловот: темата е злосторството, двојното убиство што го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку физичка). Во психичката казна е содржана и идејата - дека човекот самиот повеќе се казнува и измачува отколку што може да го казни општеството. Исто така, дека нема никакво оправдување за извршено убиство, зашто сечиј живот е вреден. Дејството во романот се одвива во текот на девет дена пред и по злосторството, како и една година по него.