| Publisher: | Белетристика |
| Authors: | Велс Х. |
| Pages: | 79 pages |
| ISBN10: | 228 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Главниот лик на романот, научникот кој во книгата се нарекува Времепловец, една сабота, во својата необична куќа, опремена со лабораторија, ги повикал своите пријатели за да им го раскаже дека има измислено временска машина со која може да се патува низ времето. Се разбира, пријателите не му верувале, но тој го притиснал копчето на машината и исчезнал од куќата. Следниот четврток, пријателите повторно се собрале во куќата на закажаниот состанок, но Времепловецот го немало. Наеднаш, тој се појавил, ранет, распартален, со прашина на облеката и им соопштил дека се вратил од своето патување во иднината, односно отпатувал во 802701 година. Така, тој започнал да им ја раскажува својата авантура, која траела точно осум дена...