| Publisher: | Книжевност |
| Authors: | Николова Оливера |
| Pages: | 29 pages |
| ISBN10: | 479 |
| Language: | македонски |
| Type: | Книги |
Елпида (Пида) Ставрева Караманди (Лерин, 1 јануари 1920 - Лавци, Битолско, 3 мај 1942) — македонска комунистка, учесничка во НОБ и народна хероина од влашка народност.
На 22 април 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година одредот бил опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела.
За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година.
Нејзината смрт е опеана во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).