| Publisher: | Детска Литература |
| Authors: | Грим Браќата |
| Pages: | 16 pages |
| ISBN10: | 922 |
| Type: | Сликовници |
Пепелашка е сираче чиј татко, по смртта на мајка ѝ, се оженил за една лоша жена, која има две, исто така злобни ќерки. Притоа, кога таткото е отсутен, маќеата ја тера Пепелашка да работи разни работи низ куќата, додека нејзините две ќерки живеат удобно и безгрижно. Бидејќи сирачето го оставиле да седи покрај огништето, каде што таа постојнао била извалкана со пепел, неа ја нарекуваат Пепелашка. Пепелашка живее тежок живот но наспроти тоа, таа се однесува добро кон своите полусестри. Нејзината единствена утеха е посетата на гробот на нејзината мајка, каде таа засадува едно дрвце и со радост гледа како тоа расте. Еднаш, кралот приредува бал во чест на својот син, на кој е поканета и маќеата со своите ќерки. Пепелашка успева да отиде на балот. Таму Пепелашка го губи едниот чевел кој го пронаоѓа принцот. На крајот, кога Пепелашка го обува златниот чевел, веднаш се дознава дека таа е девојката која ја бара принцот. Притоа, тој ја зема со себе и ја носи во дворецот каде набрзо се венчаваат.