| Publisher: | Романи |
| Authors: | Ширилов Петар |
| Pages: | 199 pages |
| ISBN10: | 1309 |
| Language: | Македонски јазик |
| Type: | Лектири |
Црноборјани во истоимениот роман и Крајезерската земја се синоними за Егејскиот дел на Македонија и тие израснуваат во симболи на националното страдање. На овој географски означен простор се прават севозможни застрашувања за да се алиенира човекот, за да се згази сето она што го сочинува човековото достоинство. Црноборјани се повикани да одат на Италијанско-грчкиот фронт во Албанија, да крварат во рововите кај Москополе и Томори и да ја бранат круната за која омразата им влегла во крвта. Но овие луѓе живеат со почит кон смртта, зошто таа како да станала составен дел од нивното секојдневие.