Природо, љубов моја
2018
Збирката Природо, љубов моја! од Александар Кујунџиски – како што кажува и самиот наслов – е целосно посветена на природата и грижата кон неа, со која авторот е комплетно поврзан. Овој голем вљубеник во пишуваниот збор – како негова професија, и во природата – како негова опсесија, со Природо, љубов моја!, гледано од содржински и од жанровски аспект донесе и внесе во македонската литература за деца едно навистина раскошно издание. Во него се опфатени речиси сите поважни теми за природата и за грижата што човекот е должен да ја има кон неа.