| Publisher: | Романи |
| Authors: | Иго Виктор |
| Pages: | 512 pages |
| ISBN10: | 161 |
| Language: | српски |
| Type: | Книги |
Поводот да го напише романот бил зборот „судбина“ напишан на грчки јазик, со готски букви, некаде во темните простории на Богородичната црква, кои авторот ги видел како бледеат кога тој ја истражувал црквата. Човекот што го напишал тој збор одамна го нема, зборот почнал да бледее, и авторот се плашел дека, исто така, и црквата ќе исчезне. Од невремињата, од негрижата, од новите архитекти и од нападите на народот. За да ја зачува оваа скапоцена црква, Виктор Иго го напишал својот роман, сметајќи дека зборот, во овој случај е поцврст и од каменот. Тоа е историски роман, зашто во преден план не се историските личности и измислените ликови, туку животот на средновековниот Париз, како и прекрасната готска палата – Богородичната црква (Нотр дам – Богородица; Нашата дама), која е симбол на вечната и неминлива уметност.