| Publisher: | Романи |
| Authors: | Поповски Глигор |
| Pages: | 260 pages |
| ISBN10: | 1218 |
| Language: | Македонски |
| Type: | Лектири |
Главен лик во романот Бојан, е токму момчето по име Бојан. Тоа е момче на возраст од 15-тина години, кое живее во селото под планината Грамада. Уште од мали нозе често престојува во колибата на неговиот дедо Димо сместена во планинските стрмнини. Таму тој му помага на својот дедо и учи како да се грижи за стоката, за колибата, едноствано ги учи животните вештини. Но авторот ни го прикажува Бојан во една друга светлина. Останувајќи сам во колибата, Бојан се бори со своите стравови, се бори со болеста, се бори со осаменоста. Неговата истрајност и решеност да преживее, и тој и стоката, ни го прикажуваат Бојан како едно одговорно, совесно,жилаво момче, кое на својот грб ја носи својата судбина и судбината на стоката која му е оставена да ја чува. Борејќи се со осаменоста, тој целиот свој бес го истура врз дебелиот дабов трупец-Јурукот. Тука авторот ни ја прикажува психичката борба на Бојан, таа постојана борба со мислите што му надоѓаат, што го тиштат. Борејќи се со трупецот Бојан како да бори со сите свои стравови. Во вториот дел од романот, авторот ни ја прикажува и нежната страна на Бојан, неговите чуства што се раѓаат кон Елена.