Записи од Мртвиот дом

0.00 Avg rating0 Votes
Publisher: Книжевност
Authors:
Pages: 520 pages
ISBN10: 487
Language: македонски
Type: Лектири

Романот „Записи од Мртвиот дом“ претставува оаза во новата идејна ориентација на Достоевски. Епската линија во него е поизразена отколку во кое било друго дело од постсибирскиот период: романот претставува детална, објективна слика на затвореничкиот живот со сите негови хронолошки подробности - од стапувањето во ќелијата, преку затворската бања, болницата, секојдневноста, тажните затворски празници, сѐ до пуштањето на слобода. Описот на затворот открива галерија ликови со извонредни човечки својства. Никој дотогаш толку потресно и беспоштедно не ја беше насликал вистинската состојба и животот во царистичката зандана. Но тежиштето на реалистичното набљудување е одново врз субјектите на затвореничкиот круг. Достоевски не штеди зборови укажувајќи на високото чувство за справедливост и на огромната енергија скриена и неискористена во луѓето што од разни причини се нашле на робија.

Reviews

Required fields are marked *. Your email address will not be published.