Матковски Александар

Александар Матковски

Александар Матковски (Крушево30 мај 1922 - Скопје15 април 1992) — прв доктор на историски науки од Македонија и прв ориенталист. Автор на познатото хералдичко дело „Грбовите на Македонија“.

Подолго време (до 1936 година) живеел во Гостивар, а потоа се преселил во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941 година), бил уапсен на 2.VI.1942 и како малолетник бил осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје. По бегството од затворот се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал многу песни на македонски јазик, зачувани во архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по ослободувањето. Завршил учителска школа 1947 година во Скопје, виша педагошка школа во 1949 во Белград, филизофски факултет (историска група) во 1951 година во Скопје, докторска дисертација на тема „Ѓурчин Кокалески (1775-1863)“ одбранил во 1957 година на загрепското Сеучилиште, завршил филолошки факултет (група ориентална филологија) во 1961 година во Белград. Добитник е на повеќе награди и признанија. Членувал во МАНУ од 1985 година.

Found 1 books in total
Books per page: